Гласањето на болни и изнемоштени во Делчевско се одвива во најдобар ред

Гласањето на болните и изнемоштени лица во Делчевско започна навреме и се одвива во најдобар ред. Митко Стоименовски е жител на Делчево кој денес гласаше во домашни услови. Тој рече дека гласањето, било безбедно и им посака среќа на победниците на изборите.

-Гласањето помина во безбедни услови, го остварив своето право, немаше никакви проблеми, нека им е со среќа на тие што ќе победат, рече Стоименовски.

Освен Стоименовски денес своето право на глас на територијата на Општина Делчево можат да го остварат вкупно 335 болни и изнемоштени лица.

-Имавме пријавено за гласање вкупно 341 лице, од кои 6 барања беа одбиени. Вчера немавме гласање за евидентирани гласачи со Ковид-19. Гласање на болните тече во најдобар ред, а очекуваме така да биде и во текот на целиот ден, истакнаа од ОИК Делчево.

Утре на територијата на Општина Делчево своето право на глас на 36 избирачки места своето право на глас ќе можат да го остварат вкупно 14.680 граѓани.

Во Делчево за денешното гласање своето право на глас можат да го остварат 335 болни и изнемоштени лица

Во Делчево за денешното гласање своето право на глас можат да го остварат 335 болни и изнемоштени лица

Gepostet von delcevo365.mk am Dienstag, 14. Juli 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*