Сом капиталец тежок 47,5 килограми уловен во Калиманско езеро

Улов тежок 47,5 килограми е последниот подвиг на спортските риболовци од Пијанец кои максимално ги користат благодетите на езерото Калиманци во рамки на риболовната сезона која е во тек. Уловот е дело на делчевецот Горанчо Ќурчиски, кој истакна дека ова не му е прв пат да ,,фати” олку голем ,,капиталец”.

-Калиманскиот сом е тежок 47,5 килограми и е еден од поголемите фатен во водите на езерото. Чести гости сме на Калиманци, езеро кое освен со сом, изобилува со крап, клен, црвеноперка, карас и други видови животински свет, вели Ќурчиски.

Освен на Калиманци, додава дека предизвик му се и други езера, како во Македонија, така и во соседните земји.

-Годинава поради коронавирусот немавме многу одење во странство, но Дојранското езеро е тука, некои помали акумулации во близина, така што како што велат старите за добар спортски риболовец, не му е проблем било каде да си ја проба среќата, додава Ќурчиски.

Како голем љубител на спортскиот риболов Ќурчиски е пасиониран вљубеник во рибарските чамци и опрема за која има посебна фејсбук страница на која може да се види и набави дел од неговата колекција.

47,5 килограми. Толку тежи ,,уловот" на професор Горанчо Ќурчиски!

Gepostet von delcevo365.mk am Donnerstag, 16. Juli 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*