Ученици Роми од Делчево добија таблети за следење он-лајн настава

Ученици Роми од Делчево добија таблети за следење он-лајн настава. Како што информираше Ермина Реџепова од Ромскиот културно-едукативен центар Тернипе МК, организација преку која се реализираше активноста, технички помагал добија 15 ученици од деветолетката „Ванчо Прке“.

-Таблетите ги доделуваме во соработка со невладината „Сонце“, при што со поддршка на Ромскиот образовен фонд денеска им ги поделивме на учениците Роми од основното образование во Делчево, кои ќе им послужат да ја надополнат он-лајн далечинската настава, рече Реџепова.

Претставникот на Ромскиот образовен фонд, Сенад Мустафов, истакна дека ваквата пракса ќе продолжи и во средните училишта, за што од Ургентниот фонд веќе се обезбедени средства во висина од 100 илјади евра.

-Од следната недела почнуваме со доделување таблети во средното образование. Од септември ќе долуваме таблети и за предучилишното образование, додека за студентите-роми, кои се на студии на Универзитетите во Македонија се доделени 35 таблети. Ние сметаме дека додека се организираше државата и Невладините организации е испуштен одреден материјал во училиштата, а како најпогодени од тоа беа учениците Роми на кои нашата организација реши да им помогне со таблети и картички, рече Мустафов.

Своја благодарност за донацијата изрази директорот на училиштето Горан Велков.

-Од името на ООУ „Ванчо Прке“ им се заблагодарувам на Невладините организации за помошта која ни ја пружаат за да се справиме уште подобро со пандемијата од Ковид-19, за да можат нашите ученици Роми да ги следат образовните програми, со што очекувам во следниот период нашите ученици Роми уште повеќе ќе учат, рече Велков.

Советникот за образование Ванчо Новоселски истакна дека се прават протоколи за физичко присуство на учениците и следење он-лајн настава во наредниот период, а овие технички помагала ќе помогнат тоа да се реализира.

-Заради ваквата помош која ја даваат овие организации, Вас можам да ве известам дека Комисијата за заразби болести заедно со Министерството за здравство прават напори за да се направат протоколи за ваше физичко присуство во училиштатата, за една онлајн настава. Воедно изразувам голема благодарност за невладините организации за помошта тоа да се реализира, рече советникот Новоселски.

Инаку преку останати проекти, како што додаде претставникот на фондот Сенад Мустафов, Ромскиот образовен фонд освен таблети со вклучен интернет сообраќај, има доделено и учебни материјали, хигиенски пакети и храна во 15 општини во Македонија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*