Нема поголеми гужви на граничен премин Делчево по одлуката за дозволен влез во Бугарија за тестираните туристи

Македонските државјани од вчера можат да влезат во Р.Бугарија со негативен PCR тест, не постар од 72 часа. Оваа вест која претходно беше објавена во бугарските медиуми, денес ја потврдија од граничен премин Делчево од каде информираа дека засега нема поголеми гужви на преминот.

-Според информации на нашите колеги од Бугарија, со оваа одлука ќе им се дозволи влез на туристите од С.Македонија, коишто ќе обезбедат PCR тестови, не постари од три дена. Одлуката засега не предизвика поголеми гужви на нашиот граничен премин. Очекуваме тоа да се случи за време на викендот, информираа од граничен премин Делчево.

Согласно претходната одлука во Бугарија имаше забрана за влез за македонските државјави во периодот од 16 до 31 јули, освен за транзитирање преку оваа земја. Во моментот согласно последните информации на бугарското Министерство за здравство, во Благоевград кој е првиот најблизок град до Делчево има 6 позитивни на вирусот додека во целата Благоевградска област заразени се 19 лица.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*