Одбележување на „2-ри Август“ – Илинден во Делчево

Со пригодна свеченост, Општина Делчево денеска ги одбележа двата Илиндена, 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ. Одбележувањето се одвиваше пред спомен- обележјата во градот кои го чуваат споменот на револуционерната борба од Илинденскиот период, како и од НОВ.

Во својот реферат за значењето на востанието од страна на членови на КУД „Гоце Делчев“ од Делчево беше потенцирано значењето и улогата на Илинденското востание во 1903 година во развојот на револуционерната мисла и борбата и аманетот на храбрите илинденци.

Пред споменикот на великанот Делчев, свежо цвеќе положија делегација на Општина Делчево, претставници на Советот на Општина Делчево, претставници од политички партии, јавни институции, здруженија на граѓани.

Чествувањето потоа продолжи пред споменикот на паднатите борци од НОВ, каде за значењето и улогата на Првото заседание на АСНОМ исто така пригоден реферат прочитаа членови на КУД „Гоце Делчев“, по што делегациите се поклонија и положија свежо цвеќе.

На одбележувањето на двата значајни датуми за македонската историја не присуствуваа претставници на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.

Одбележување на 117 годишнината од Илинденското востание пред споменикот на великанот Гоце Делчев

Одбележување на 117 годишнината од Илинденското востание пред споменикот на великанот Гоце Делчев

Gepostet von delcevo365.mk am Sonntag, 2. August 2020
Одбележување на 76 годишнината од Првото заседание на АСНОМ пред споменикот на паднатите борци

Одбележување на 76 годишнината од Првото заседание на АСНОМ пред споменикот на паднатите борци

Gepostet von delcevo365.mk am Sonntag, 2. August 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*