По повод празникот „Илинден“ во Делчево реализирана комбинирана велосипедско-планинарска тура до врвот Бејаз Тепе. Активноста ја реализираше Планинарскиот спортски клуб ,,Голак” од Делчево чиј гостин и овој викенд повторно беше словачкиот амбасадор во Р.С.Македонија, Хенрик Маркуш.
-Комбинираната велосипедско-планинарска тура ја изведовме на планината Средна, каде комбиниравме планински велосипедизам и планинарење. Извозивме 50 километри по земјен, асфалтен и шумски пат со почетна точка од градот Делчево, рече Чучуковски.

Патеката, како што додаде, поминувала низ селата Истевник и Разловци.
-Попатно поминавме и видовме повеќе интересни места меѓу кои локалитетот Истевнички Кулуље. Иако времето беше доста топло, сепак не не спречи да ја реализираме турата, додаде Чучуковски.

Патеката била со висинска разлика од 720 метри при што највисоката точка на која учесниците во планинарско-велосипедската тура заедно со амбасадорот Маркуш бил врвот Бејаз Тепе на 1320 метри надморска височина.
Чучуковски додаде дека амбасадорот пријатно бил изненаден од богата историја на Пијанечкиот регион, особено од селото Разловци каде ја посетил црквата „Св.Цар Константин и Царица Елена“ и месноста Свети Води каде се смета дека својата мисија ја извршувале македонските просветители Кирил и Методиј за која мисија има слушнато и амбасадорот на СЛовачка Хенрик Маркуш.
Амбасдорот во знак на гостопримство од домаќинот доби подароци од генералниот спонзор на ПСК „Голак“ Фротирка Компани.
Еве ја изјава на Чучуковски и дел од самата тура снимени од фото-апаратот на делчевскиот планинар.
Leave a Reply