Пијанечкото роднокрајно творештво збогатено за уште еден наслов

Со излегување од печат на џебното издание ,,Корона катрени” од авторот Васил Маневски, Пијанечкото роднокрајно творештво збогатено за уште еден настан. Делото како што информира авторот е прво од ваков вид напишано од роднокраен автор.

-Во делото се напишани стихови, т.е катрени посветени на актуелната ситуација со светската пандемија. Во соработка со Здравствен дом ,,Гоце Делчев” Делчево и Јавната локална библиотека ,,Илинден” во согласност со условите кои ги наметнува вирусот Ковид-19, планирано е да одржиме неколку промоции, со кои публиката одблиску ќе се запознае со ова дело, истакна Маневски.

Рецензент на книгата е доктор Билјана Георгиевска, додека предоговорот за ,,Корона катрени” го напиша д-р Марија Глигоровска која воедно е и директор на Здравствениот дом во Делчево, каде е предвидено да се одржат дел од промоциите. 

Кориците на книгата се дело на познатиот катикатурист Миро Ѓеоргиевски, додека книгата е издадена од страна на издавачката куќа ,,Орион” под техничко водство на сатиричарот Миле Ѓорѓијоски . 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*