Млади волонтери ја исчистија руинираната спортска сала во Делчево

Група млади волонтери меѓу кои и вљубеници во скејт спортовите реализираа акција за чистење на руиниранaта спортска сала која се наоѓа во близина на Градскиот стадион во Делчево. Целта на акцијата како што велат е да ја користат за спортување со своите скејтборди.

-Бидејки по улиците имавме пријави од страна на граѓани дека ги вознемируваме додека возиме скејтборд, решивме да ја исчистиме салата и да си направиме сопствен простор каде непречени од никого ќе може да уживаме во возењето, истакнаа волонтерите.

Тие велат дека има уште работа во салата, поради што апелираа и до останатите млади да помогнат во акцијата за расчистување.

-Иако исчистивме повеќе од половината, се уште има скршено стакло на паркетот, кое ќе мора да го дислоцираме за да не се повредиме. За тоа ќе ни биде потребна помош и од останати лица кои ќе сакаат да помогнат, додаваат младите волонтери.

Спортската сала како што велат граѓани е со нерешен статус на сопствеништво, поради што истата повеќе од две децении е оставена запуштена и е во неупотреблива состојба за било какви спортски активности.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*