Нов случај на Ковид-19 во Делчево

Од вчера регистиран е уште еден случај на позитивен пациент од Ковид-19. Од здравствениот дом во Делчево информираа дека пациентот е згрижен во Штипската клиничка болница каде се опоравува.

-Од вчера имаме нов случај на пациент чиј тест е позитивен на коронавирус. Пациентот е во болница и бил во контакт со претходноозаболената која исто така од претходно е хоспитализирана. На двајцата им посакуваме поскоро оздравување. Се надеваме дека нема да има нови други случаи, но апелираме да не се крева паника и да се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19, истакнаа од Здравствен дом Делчево.

Од таму додадоа дека се утврдуваат контактите на двата случаи и се чекаат резултати од тестирањата.

Ова е втор активен случај за неполни три дена во Делчево. Во околните општини активни случаи има во Берово вкупно 7 лица кои се позитивни на вирусот Ковид-19.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*