Објавени имињата на добитниците на наградата за најубаво уреден двор во Делчево

Објавени имињата на добитниците на наградите кои учествуваа на конкурсот за избор на најубаво уреден двор како дел од кампањата „За поубаво Делчево“. Како што информираше Татјана Стојковска, член на комисијата за избор на кандидатите, на конкурсот учествуваа 20 апликанти од кои според резултатите на комисијата беа доделени награди во две категории.

-Општина Делчево по трет пат годинава организираше избор на најубав двор во општината. Пријавувањето на конкурсот траеше од 18 мај до 30 јуни и на истиот беа пријавени 10 апликанти во две категории и тоа: избор на најубав двор на физички лица и избор на најубав двор на правни лица и објекти за колективно домување. Во првата категорија беа пријавени 6 апликанти додека во втората категорија три индивидуални објекти. Наградата за најдобро уреден двор кај поединците ја доби лицето Ивана Лефковска, додека во втората категорија за најубав двор на правни лица и објекти за колективно домување е изберен дворот пред „Зграда бр.1 – влез 1“ на улица „Кеј на Брегалница“ информираше Стојковска.

Како претставник на комисијата и со подршка на делчевскиот градоначалник, Стојковска најави дека акцијата ќе продолжи и во наредните години, поради што ги охрабри Делчевци да учествуваат и се пријавуваат за избор на најубав двор.

-Благодарност до сите учесници за учеството на конкурсот. Како комисија мора да признаеме дека бевме изненадени од креативноста и идеите кои ги имаат нашите сограѓани. Се гледаше дека за уредување на сите дворови беше вложено труд и љубов. Избраните дворови импресионираа со свежина и креативност со застапена тревна површина, зимзелени дрвја и цветни содржини. Поради тоа што се очекува оваа акција да прерасне во традиционална, сметаме дека е потребно како комисија да им дадеме совет на нашите граѓани кои што сакаат да се пријават на истата следната година, додаде Стојковска.

Првонаградените од страна на општината ќе добијат парична награда во висина од 10 илјади денари, награда која ќе им биде доделена на свечената седница на Советот на општината во рамки на одбележувањето на „Денот на градот – 7 Септември“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*