Продолжува негативниот тренд на пораст на позитивни пациенти на коронавирус во Пијанечко-малешевскиот регион

Во Берово и Делчево продолжува негативниот тренд на пораст на бројот на позитивни пациенти на Ковид-19. Денес во двете општини регистрирани 11 нови пациенти од кои вкупно 8 во Берово. Здравствените надлежни од оваа општина информираа дека поголем дел од пациентите се во добра здравствена состојба.

-За жал денес мора да констатираме дека имаме најголем број на заболени на дневно ниво, вкупно 8 лица кои по тестирањата се позитивни на вирусот Ковид-19. Повеќето од нив се во добра состојба, но има и пациенти кои се лекуваат во болнички услови. На сите им посакуваме поскоро опоравување, истакнаа надлежните.

Во Делчево како што информираа од Здравствениот дом „Гоце Делчев“, од претходно направените тестирања, денес има тројца позитивни и 7 негативни пациенти.

-Од направените тестови од претходниот период за жал и денес имаме тројца позитивни. Тестирањата продолжуваат и понатаму, денес имавме нови тестирани за кои резултатите ќе ги соопштиме во текот на наредните денови, истакнаа од Здравствен дом „Гоце Делчев“ Делчево.

Со новите позитивни случаи бројката на активни случаи со Ковид-19 во Пијанечко-малешевскиот регион денес изнесува 37 пациенти, од кои 4 се од општините М.Каменица и Пехчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*