Делчево и Берово повторно на листата на градови со нови случаи со Ковид-19

Делчево и Берово и денес се најдоа на листата на градови каде денес е регистриран пораст на позитивните случаи со Ковид-19. Делчево денес предничи со 5 нови случаи, за кои информациите кои ги добивме од делечвскиот здравствен дом говорат дека се работи за млади лица на возраст под 30 години.

-Едното лице само е помладо од 35 години, останатите се на возраст под 30 години. За среќа сите се асимптоматски случаи без никакви проблеми по нивното здравје, информираа од делчевскиот здравствен дом.

Во однос на тестирањата оттаму додадоа дека тие продолжуваат и понатаму при што резултатите од тестовите ќе бидат соопштени во текот на наредните денови.

Во Берово по вкупно 17 случаи со Ковид-19 за неполни три дена денес ситуацијата е малку помирна. Во оваа општина регистрирани се нови 2 случаи на позитивни на коронавирус.

Македонска Каменица и Пехчево денес не се најдоа на листата на градови каде има позитивни од Ковид-19

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*