Зголемен бројот на кривични дела во летниот период во Делчево

Зголемен бројот на кривични дела во летниот период во Делчево. Најголем дел од делата како што истакна Стојан Димитровски, командир на Полициската станица од општа надлежност Делчево се должи на непочитувањето на мерките за заштита од Ковид-19. Тој презентирајки го извештајот за месеците јуни, јули и август 2020 година, пред делчевските советници информираше дека бројот на кривични дела и сторители во однос на минатата година се зголемени за 236 проценти, за што најмногу влијаело непочитувањето на мерките за самоизолација.

-Во областа на криминалитетот во овој извештаен период регистрирани се 101 кривично дело, што значи дека споредбено со лани имаме зголемување за 236 проценти против 102 сторители. Зголемувањето на бројот на кривични дела се должи на актуелната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19, каде најголем број кривични дела се сторени поради непридржување на мерките за самоизолација и забраната за движење според здравствените прописи и одлуките донесени од Владата на РСМ, рече Димитровски.

Тој додаде дека во овој период процентот на расчистени кривични дела изнесува 98 проценти.

-Во овој извештаен период од вкупниот број на кривични дела 101, расчитени се 99 кривични дела, при што поднесени се кривични пријави до надлежното обвинитеслство против сторителите, а за нерасветлените кривични дела и понатаму се работи на откривање на сторителите, додаде Димитровски.

Во областа на патниот сообраќај во овој извештаен период од 2020 година, споредбено со претходната година, Димитровски додаде дека вкупниот број на сообраќајни незгоди е зголемен за 50 проценти, при што регистрирани се 5 незгоди повеќе во однос на минатата година или вкупно 15. Во незгодите четири лица се со тешки телесни повреди и едно лице го загубило животот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*