Стивнуваат активните случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата

Стивнуваат активните случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата. Денес само два активни случаи со Ковид-19 се регистрирани на крајниот Исток, по еден во Делчево и Пехчево.

-Иако е рано да се каже дека стивнува епидемијата, денешниот ден дава надеж, бидејки многу мал број од пациентите на кои се сомневавме се потврдија како активни случаи. Радува фактот што 6 лица од претходно заболените се регистирани за оздравени, истакнаа од делчевскиот здравствен дом.

Апелираа и понатаму граѓаните да ги почитуваат препораките на надлежните и обврската за носење заштитни маски и одржување дистанца.

Вкупниот број на заболени од Ковид-19 во Пијанечко-малешевскиот регион од почетокот на пандемијата изнесува 178 пациенти. Од нив активни во моментот се 63 случаи во Делчево и М.Каменица и 76 во Берово и Пехчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*