Се одржа 6-от традиционален планинарски марш ,,Голак 2020″

Во Делчево реализиран традиционалниот планинарски марш ,,Голак 2020″. Маршот е во организација на планинарски-спортски клуб Голак чиј претседател Љупчо Чучуковски информираше дека истиот се организира по повод 7 Септември – Ден на ослободувањето на Делчево.

-Маршот се реализираше во вкупна должина од 22 километри во двата правци со стартна точка во Делчево до врвот Мала Чавка и назад. На истиот учествуваа учесници од Скопје, Велес, Штип, Радовиш и градот домаќин Делчево, рече Чучуковски.

Додаде дека истиот се реализирал согласно препораките на Комисијата за заразни болести за организирање вакви настани.

-Според најновите протоколите на планинарски маршеви во услови на пандемија е дозволено да учествуваат најмногу 60 учесници. Ние денес бевме 32 члена екипа од гореспоменатите градови кои без проблеми по убаво сончево време ја реализиравме планинарската маршрута, додаде Чучуковски.

Традиционалниот планинарски марш делчевскиот клуб го организираше со поддршка на Федерацијата на планинарски спортови, а во соработка со општина Делчево

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*