Делчевската детска градинка ,,Весели Цветови” ги врши последните подготовки пред утрешното повторно отворање по пауза од неколку месеци.
Како што стои во објавата на фејсбук страната на градинката денес попладне е извршена дезинфекција на пред пристапниот простор и дворот во градинката.
-Во текот на денешниот ден во соработка со ТППЕ Делчево извршена е дезинфекција на пред пристапниот простор и дворната површина на ОЈУДГ ,,Весели Цветови” Делчево.
Се во интерес на децата. Испочитувано се по протокол. Заштитени максимум за утрешниот старт, се вели во објавата на ОЈУДГ ,, Весели Цветови”
Leave a Reply