Невладината организација „Тернипе МК“ од Делчево ги продолжи активностите од проектот „Поддршка за ранливите категории во време на Ковид-19.
Денешната активност како што информираше координаторот на акцијата Ермина Реџепова се реализираше во дворното место на Здравствен дом „Гоце Делчев“ во Делчево, каде граѓаните добија бесплатни заштитни маски и потребните информации за заштита од вирусот Ковид-19.
-Денес подолжуваме со активностите од овој проект чија општа цел е презентација како и заштита и спречување на Ковид-19 кај маргинилизираните групи на граѓани. Денешната акција предизвика голем интерес бидејки беа поделени 100 маски повеќе од предвидените 250 заштитни маски, рече Реџепова.

Во рамки на понатамошните активности од овој проект, како што додаде Реџепова ќе се врши распределба на прехранбени и хигиенски пакети на 65 семејства, а како трета активност е предвидено и доделување на дигитална опрема за успешно вклучување на ученици во далечинското учење.
Од Здравствен дом „Гоце Делчев“ ја поздравија оваа акција.
-Тоа е една Невладина организација која сака да допринесе во борба против Ковид-19. Во договор со нас делеа заштитни маски за заштита од вирусот што сметам дека е во корист на целото граѓанство, истакна директорката на делчевскиот здравствен дом Марија Глигоровска.
Проектот е финансиран од Владата, а се реализира во партнерство со Општина Делчево и Општинската организација на Црвен крст.
Leave a Reply