ИН МЕМОРИАМ: Слободан Цобе – Илиоски (1960-2020)

Делчево денес го загуби големиот културен работник Слободан Илиоски – Цобе, професор по музичка уметност во СОУ „М.М.Брицо“ и долгогодишен соработник на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“. Денес од Илиоски се простуваат неговите колеги и соработници кои за него ќе речат:

Прекрасен човек, колега, омилен меѓу учениците и граѓаните на Делчево.

Во својот богат работен век, беше член на оркестарот и пеачката група „Распеани Делчевчани“, како и на групата „Делчевска тајфа“, а од 2009 год. наваму работи како раководител на пеачката група „Ѓурѓа“ и оркестарот „Пијанечки еснафи“ кои работата во рамките на НУЦК„Н.Ј.Вапцаров“ од Делчево. Со овие ансамбли и групи има настапувано на многу концерти во нашата држава, но и надвор од неа, каде успешно ја презентира македонската песна. Почивај во мир, драг и почитуван колега, ВЕЧНА ТИ СЛАВА се вели во објавата на НУЦК ,,Н.Ј.Вапцаров”.

(1960 – 2020) Делчево денес го загуби големиот културен работник Слободан Илиоски – Цобе, професор по музичка уметност…

Gepostet von НУЦК ,,Никола Јонков Вапцаров"-Делчево am Donnerstag, 17. September 2020

Од професорот Илиоски се простија и неговите колеги од СОУ ,,М.М.Брицо”

Се што мислевме дека знаеме за животот се промени денес. Судбината уште еднаш не потсети колку сме сите само еден момент, една воздишка, една насмевка.

Денес те изгубивме тебе, нашиот омилен професор по музичко, нашиот колега, нашиот пријател.
Драг професоре, колега, пријателе!
Беше голема привилегија да се работи и да се другарува со тебе. Беше човек на кој секој од нас секогаш можеше да се потпре. Веруваше во сите нас, некогаш дури и повеќе отколку ние самите верувавме во себе. Несебично се даваше себеси во напредокот на сите, и наставници и ученици. Со тебе сите разговаравме за се.

Сите уживавме во тоа со какво одушевување ни раскажуваше за сите твои патувања, за твоите настапи, за музиката за која живееше. Беше колега, пријател кој само може да се посака. Наша гордост. Пленеше со својата насмевка, разбирање и животната радост. Сите ќе ги паметиме утрата кога немаше никакви обврски, па ќе го земеше кларинетот и ќе засвиреше, онака од душа, душа голема како планина.

За тебе не постоеја граници. Беше единствен и неповторлив. Останаа толку многу работи кои можеше и сакаше да ги направиш, ама не стигна. Изгубивме голем човек. Постојат бесконечно многу нешта кои би сакале да ти ги кажеме.

Цобе, се надеваме дека сега си на некое поубаво место, дека се смееш како што секогаш се смееше. Се надеваме дека душата исполнета со љубов и среќа ти отиде во вечен спокој. Остави само добрина и најубави спомени за твоето постоење.

Вечна ти слава професоре, колега, пријателе!

Се што мислевме дека знаеме за животот се промени денес. Судбината уште еднаш не потсети колку сме сите само еден…

Gepostet von СОУ „Методи Митевски – Брицо" – Делчево am Donnerstag, 17. September 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*