„Малешевска Корија – Спортска авантура 2020“ ги собра велосипедистите од цела Македонија во Берово

Во организација на  планинарскиот Спортски Клуб Малешевска Корија во Берово започна насатнот „Малешевска Корија – Спортска авантура 2020“. Настанот како што информирше Дина Муцунска претседател на клубот и организатор е поддржан од Агенцијата за млади и спорт во рамки на „Европската недела на спортот“.

-Активноста е поддржана од Агенцијата за млади и спорт преку проектот „Европска недела на спортот“ за што се заблагодаруваме на менаџерката Александра која ги препозна вредностите на нашето здружение во неговите активности за промоција на спортот, додека имаме целосна поддршка и од Be Active. За успешна реализација на настанот ни помогнаа општината и градоначалникот, полицијата, брзата помош и лекарите кои ќе се погрижат за сите учесници безбедно да ја завршат патеката, рече Муцунска.

Во рамки на настанот како што додаде, учесниците возат две велосипедски тури кои поминуваат низ прекрасните предели на Малешевијата.

-Во рамки на турите добивме поддршка од Габи и Васко, сопствениците на куќата која го ставија на располагање својот двор за пункт за одморање, додека другиот пункт за пауза е на самото езеро. Во текот на целиот настан учесниците ќе и маат поддршка од целиот тим. Имаме две тури, средно тешка патека која навистина е кратка, но спустот е многу специфичен. За оваа тура  пред самиот старт ги предупредивме учесниците да не се преценуваат, бидејки земјата е сува и лизгава при спустот има големи кратери и затоа им порачавме да внимаваат при возењето заради свој и безбедност на останатите учесници. Лесната е кратка долга е 9 километри и е доста лесна но кој не возел планина, 9 километри на кеј и на планина не е лесна. На средно тешката имаме и сервисер со нас, кој ќе помогне доколку нешто тргне нешто наопаку. Денес имаме значи вкупно учесници од Скпје, Виница Кочани, Пехчево од околината на Берово и од многу други градови на Македонија, додаде Муцунска.

За време на трката забележлива беше добрата организација. Напред пред учесниците како што додадоа организаторите местото е резервирано за водичите кои имаат право да застанат на специфични делови од патеката и да ја соберат групата. Тие истакнаа дека при трката мошне е важно велосипедистите помеѓу себе треба да држат растојание од 15 метри заради специфичниот предел. Попатно учесниците со своите телефони имаат можност со своите фотографии да ги овековечат големиот број  културно-уметнички споменици на кои е наидат.

Во разговор со учесниците налетавме на Александар од Пехчево кој живее во Скопје и како што самиот изјави е бајкер повеќе од 15 години. За него беше чест повторно да се биде во Малешевијата.

-Моментално живеам во Скопје, бајкер сум многу долги години, мое 15-20 години. Благодарност до Дина муцунска за поканата. Инаку на оваа дата требаше да се одржи Пехчево на точак, но поради некои околности не испадна, но мило ми е што сме тука денес во Берово. За учество на вакви настани треба да имаш дорбо подготвен велосипед дека теренот е теѓок би рекол каменлив, планински и пред се да имаш голема желба кон природата. Бидете активни бидете здрави и чувајте се, изјави Александар.

-Здраво на сите чест и задоволство ние да учествуваме денес на овој настан. Повеќе време се занимавам со оф-роад да возам велосипед. За ова треба да се има добар велосипед и да ужива во природата, истакна еден од учесниците.

Проверката на велосипедот според дел од учесниците е основното нешто за успешно завршување на турите.

-Исправен точак е потребно и не мора да се брза бидејки е убаво да се ужива во природата. Не сме одамна во овој спорт но кога сме во можност одиме на вакви настани истакнаа Мартин Гроздановски и Младен Цветковски од Скопје.

-Извонредно, Малеш, Берово во најдобра форма, млади прогресивни луѓе, свесни за ситуацијата сите со заштита меѓутоа спремни за активност. Седум осум години се знаимавам со тоа, учествувам и семејно и индивидуално по лесни и малку потешки, се е добро само да си надвор и на точак, рече Скопјанецот Владимир Радевски.

Турата низ Малешевијата вообичаено завршува со традиционалниот ручек Тавче-гравче кое им се служи на велосипедистите учесници по нивното враѓање во Берово каде организаторот им доделува благодарници и признанија за сите кои и годинава ги почувствуваа убавините на Малешевијата.

„Малешевска Корија – Спортска авантура 2020“ ги собра велосипедистите од цела држава во Берово

„Малешевска Корија – Спортска авантура 2020“ ги собра велосипедистите од цела држава во Берово

Gepostet von delcevo365.mk am Samstag, 19. September 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*