Со цел прилагодување на новонастанатите пазарни и економски услови на работење во Делчево на работилница земјоделските производители се обучуваа за зголемување на дигиталните вештини.
Зоран Биковски асистент во проектот информираше дека со истиот ќе бидат опфатени земјоделските производители од Источно-планскиот регион.
-Невладината организација „Јавор’ од Зрновци во партнерство со граѓанските организации од Источно-планскиот регион во рамки на проектот „Зголемување на дигиталните вештини за земјоделските производители со цел прилагодување на новонастанатите пазарни и еконосмки услови на работење“, организира конкретни работилници во 11 општини, се со цел земјоделците да се запознаат со дигиталните алатки заради навремено аплицирање за субвенции, навремено планирање на своето производство и пласман и истовреме, но негово развивање. Земјоделците се една од најпогодената категорија граѓани од пандемијата со Ковид-19 и затоа сум сигурен дека познавањето на дигитални алатки ќе им помогне поефикасно да се справат со истата, рече Биковски.
Со обуките кои ќе се реализираат за таа цел Биковски додаде дека ќе бидат опфатени над 120 земјоделци од Источно-планскиот регион.
-Живееме во време на пандемија која има најмногу влијание и кај земјоделците и затоа тие треба да сфатат дека можеби не треба секогаш со страв да се гледа дека ИТ вештините се нешто, што не може да се достигне. Преку конкретни обуки тие ќе стекнат знаење и вештини, како да си го организираат производството, меѓутоа од друга страна и да посветат повеќе на своето семејство, на менталното здравје и што е најважно да се почитуваат протоколите, за да го пребродат ова многу тешко време, додаде Биковски.
Во рамки на самиот проект предвидено е и економско јакнење на земјоделците, при што најмногу поддршка како што додадоа од здружението ќе добијат медарите и млекопроизводителите за кои ќе се работи на зајакнување на активностите за откуп на нивните производи.
Leave a Reply