Во М.Каменица одржана Регионална пензионерска ревија на песна, музика и игри

Во организација на Здружението на пензионери во Македонска Каменица се одржа 18-тата Регионална пензионерска ревија на песна, музика и игри. Како што информираше Јаворка Соколовска, претседател на каменичкото здружение на пензионери кое ја имаше улогата на домаќин, на настанот учествуваа учесници од неколку градови во Источна Македонија.

-На регионалната ревија на музика, песни и игри учествуваа претставмици од здруженијата на пензионери од Берово, Делчево, М.Каменица, Виница како и Св.Николе. Ревијата ја проследија претставници на СЗПМ кои дадоа одлична оценка за организацијата на настанот кој се одвиваше на отворено, со почитување на сите протоколи за заштита од вирусот Ковид-19, рече Соколовска. 

Здружението на пензионери од М.Каменица на овој настан ги претстави новите народни носии со кои неодамна се здоби машкиот член на играорната група од М.Каменица.

-Ова беше прв пат како нашите играорци се претставија со своја сопствена носија која е изработена од стручни лица при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Да спомнам и тоа дека по завршувањето на настанот доделени беа благодарници за сите учесници, додаде Соколовска.

Од Здружението на пензионери од М.Каменица додадоа дека следна цел е нивно учество на Репубичката ревија на музика, песни и игри.

Настанот беше поддржан од СЗПМ чија претседателка Станка Трајкова беше дел од настанот, а меѓу гостите со свое присуство домаќините ги удостои и Ристе Нетков претседател на ЗП Штип.

На настанот како што информираа од каменичкото здружение на пензионери гости беа и претставници на општината и градоначалничката Соња Стаменкова.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*