Започна реновирањето на ентериерот на Здравствената станица во М.Каменица

Започна реновирањето на ентериерот на Здравствената станица во М.Каменица. Директорката Марија Глигоровска која денес изврши увид во работите, информираше дека активноста се реализира со одобрение на Министерството за здравство. Таа додаде дека по М.Каменица со реновирањето ќе биде опфатена и внатрешноста во Здравствениот дом „Гоце Делчев“ во Делчево.

-На задоволство на граѓаните на Делчево и Македонска Каменица денес започнува реновирањето на двата објекти. Прво започнуваме во здравствената станица во Македонска Каменица, затоа што е помал тој објект. Реновирањето на внатрешноста на двата објекти е одобрено од Министерството за здравство. Реновирањето во станицата во М.каменица ќе трае некаде две недели, барем така е договорено со фирмата изведувач која го доби тендерот, по што ќе започнат работите за реновирање на амбулантата во Делчево, информира Глигоровска.

Таа додаде дека реновирањето на објектите во руралните средини ќе се реализира во понатамошниот период. Се осврна и на ситуацијата со Ковид-19. Иако стивна ситуацијата со вирусот во изминатите две недели, како што дополни Глигоровска, зголемен е бројот на пациенти со бронхопнемвонија.

-Неминовно не може да ја избегнеме темата за коронавирус. Она што се предвидуваше од епидемиолозите дека наесен ќе се зголеми бројот на заразени и се остварува. Кај нас беше интересна кривата на новозаболени. На крајот на август имавме многу болни, па малку стивна болеста овие две недели. Меѓутоа од последните неколку денови, болеста повторно зема замав. Тоа што има помалку болни, придонесе населението да се опушти. Вчера понеделник имавме тројца со бронхопневмонија кои се болни од коронавирус, додаде Глигоровска.

Она што и понатаму останува проблем, според неа е пронаоѓањето на контактите, заради што од една страна се шири заразата, а од друга страна има малку позитивни.

-Тоа малку е во однос на тоа колку имаме болни. Сметам дека од таа моја лична анализа, бидејки постојано сум во контакт со рентген одделението, ги гледам сликите и наодите и можам да кажам дека се намалува бројот на болни, меѓутоа апелирам до населението да ги почитува мерките. Иако се уште има скептици и такви кои не веруваат вовирусот, им порачувам и на тие што веруваат и на тие што не веруваат да ги почитуваат насоките на Владата, заради самите нив, заради семејството и заради колективното здравје, порача Глигоровска.

Во Делчево и М.Каменица заклучно со вчерашниот ден, двоцифрена е бројката на позитивни на Ковид-19.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*