Самостојниот уметник Зенил Реџепов-Стручни го реализираше проектот „Традицијата продолжува“

Самостојниот уметник Зенил Реџепов-Стручни кој годинава одбележува 45 години дејност ја реализираше проектната активност од проектот „Традицијата продолжува“.

Настанот како што истакна Реџепов е подржан од Министерството за култура на Република Македонија, а се реализира во соработка со Општина Делчево, КУД „Гоце Делчев“ Делчево и РКЕЦ „Тернипе МК“ Делчево.

-Настанот беше одбележан во просториите на КУД „Гоце Делчев“ Делчево со работилница /обука за сценска изведба, музичка експликација со учество на Серкан Мемедов – Секо и детскиот вокал веќе афирмирана фолк звезда во општината Искра Георгиевска. Исто така имавме и фотографска и етнографска изложба. На настанот беа доделивме благодарници за учество во проектот на изведувачите и соработниците.

Самостојниот уметник Зенил Реџепов со овој настан ја најави следната активност која ќе се реализира на 2 декември оваа година.

-Настанот ќе биде посветен за лицата од Дневниот центар Делчево. Воедно денешниот настан се реализира во период кога се прославува значаен Јубилеј – 40 години од формирањето, кој се одбележи со свечена академија, со што на еден свечен начин РКЕЦ „Тернипе МК“ Делчево уште еднаш го потврди нејзиното суштинско место, пред се во градот Делчево каде што и припаѓа, но и пошироко, додаде Реџепов.

Во рамки на настанот „Традицијата продолжува“ беше почитуван планот на Владата за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот, при што организаторите во целост го применија донесениот протокол бр.33 протокол за начинот и условите за организација на настани, со што учесниците и поканетите гости беа заштитени во текот на нивното времетраење.

Проектот „Традицијата продолжува“ на самостојниот уметник Зенил Реџепов-Стручни е субвенциониран од Министерство за култура кој воедно е и поддржувач, а во соработка со Општина Делчево, КУД„Гоце Делчев“ Делчево и РКЕЦ „Тернипе МК“ Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*