Се зајакнува грижата за стари и изнемоштени лица во Берово

Општина Берово започнува со активностите за зајакнување на грижата за старите и изнемоштени лица. Како дел од проектот „Возврати со љубов, грижа и почит” во наредниот период 60 возрасни и изнемоштени лица од Берово и населените места, ќе добијат секојдневна грижа и нега во домашни услови. Надлежните информираа дека согласно активностите од овој проект, старите и изнемоштени лица ќе добиваат помош при чистење, готвење, хранење и купување на намирници.

-Општина Берово е во првите 8 општини, кои како дел од соработката на општината, Домот за стари лица д-р Иван Влашки и Министерството за труд и социјална политика, воведуваат нов начин на воспоставување на социјални услуги и доближување на институциите до граѓаните. За таа цел деновиве општината го потпиша договорот за имплементација на проектот „Возврати со љубов грижа и почит”, за старите лица. Се работи за проект, преку кој на 60 возрасни изнемоштени лица од Берово и населените места, на кои семејставата им се иселени од Берово, кои живеат сами, без секојдневна грижа, живеат во лоши услови и кај кои постои отсуство на редовни лекарски прегледи, ќе им биде овозможена помош и поддршка во извршување на секојдневните активности, информираа од општината.

Основна цел на проектот, како што додаваат надлежните е подобрување на квалитетот на живот на старите луѓе, во руралните средини на територијата на општина Берово, преку обезбедување на социјални услуги-помош и нега на стари лица во домашни услови, како и овозможување достапни услуги за корисниците во нивното место на живеење.

-До конечната апликација и подготовката на проектот, претходеа анализи на службите од Одделението за јавни дејности и преставниците од Меѓупштински центар за социјална работа Берово, со кои во руралните средини беа детектирани голем број стари лица, кои живеат сами и на кои им е неопходна нега од други лица. Со ова уште еднаш ја потврдуваме ангажираноста на општината во унапредување на социјалните услуги и покажуваме грижа за сите, посебно за оние, кои цел живот работеле за нас, па сега општеството треба да им врати, додадоа надлежните.

Со цел подобрување на услугите за повозрасната категорија граѓани, во Берово привршуваат и градежните активности за доградба на капацитетите на Домот за стари лица д-р Иван Влашки. По изградбата на Третата ламела во оваа установа, услугите на домот кој е единствениот во најисточниот дел во државата, наскоро ќе можат да ги користат 10 нови корисници.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*