Во сообраќајка без жртви, срушена оградата на градскиот мост во Делчево

По сообраќајна незгода во која за среќа немаше жртви, синоќа срушена дел од оградата на градскиот мост во Делчево. Според информациите од Полициското одделение од општа надлежност Делчево, немилиот настан се случил на 1 ноември 2020 година, околу 01:30 часот по полноќ.

-Во сообраќајната несреќа учествувало едно возило, кое поради неприлагодена брзина удрило во градскиот мост и срушило дел од оградата на мостот во центарот на Делчево. Врз возачот е земено крв и урина за анализа, додека постапката за понатамошни дејствија за штетата е во тек, истакнаа од делчевската полиција.

Граѓаните кои утрово се затекнаа на местото на настанот со неверување кон она што го гледаа. Тие велат дека поголеми казни се решение за несовесните возачи.

-Јас сум 42 години возач, такви глупости не можам да замислам, не да ги направиш. Среќа што е здрав и жив возачот, нека Господ му дава здравје, но не е тоа решение, вели поранешен возач.

-Толку ни е културата. За да се научиме на култура само казни и ќотек. Без големи глоби, нема култура, вели жител на Делчево.

Во несреќата освен оградата на градскиот мост, срушен е и еден од блиските канделабри. Надлежните најавија брзо враќање на мостот во функција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*