ЈЛБ „Илинден“ ги додели наградите од конкурсот „Моќта на книгата во ова време-невреме“

Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево ги избра најдобрите творби кои пристигнаа на конкурсот „Моќта на книгата во ова денешно време-невреме“. Како што информираше директорката Биљана Петровска на конкурсот пристигнаа одлични творби од ученици од деветолетките „Св.Климент Охридски“ и „Ванчо Прке“ и притоа беа доделени награди за најдобрите.

-Во рамки на конкурсот „Моќта на книгата во ова време невреме“ пристигнаа творби од ученици и од двете општински основни училишта во градот. Доделивме три награди, прво, второ и трето место поезија и прво, второ и трето место проза. Наградите на тема поезија ги освоија:

1.Андреа Димитровска, ООУ„Св.Климент Охридски“, наставник Веска Спасевска

2.Ева Ивановска, ООУ„Св.Климент Охридски“, наставник Весна Ивановска

3.Ања Николовска, ООУ „В.Прке“, наставник Василка Ивановска
3.Вања Георгиевска, ООУ „В.Прке“, наставник Билјана Стоиловска

Наградите на тема проза ги освоија:

1.Ана Ангеловска, ООУ „В.Прке“, наставник Василка Ивановска

2.Искра Георгиевска, ООУ„В.Прке“, наставник Маријана Стојменовска

3.Стефанија Тодоровска, ООУ „В.Прке“, наставник Габриела Димитровска

Честитки до сите наградени, огромна благодарност до сите ученици кои беа дел од овој конкурс и огромна благодарност до наставниците по македонски јазик од двете основни училишта во градот, за добрата соработка, и сега во услови на КОВИД-19 и кога образовниот процес се одвива под поинакви услови ние одлично соработуваме и комуницираме, реализирајки активности и настани, рече Петровска.

Во продолжение изјавата на директорката Петровска, менторот Маријана Стоименовска и прво наградената ученичка на тема проза Ана Ангеловска:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*