Се повеќе активни Ковид-19 случаи во М.Каменица, надлежните со апел за почитување на мерките

Жителите на М.Каменица загрижени заради зголемениот број случаи на новозаразени со Ковид-19 во општината. Повозрасните граѓани велат дека треба да се почитува мерката за задолжително носење заштитни маски, но и да се одржува дистанца и да се води ред за хигиената. Според нив само на тој начин ќе се спречи ширење на заразата во градот.

-Ќе се заштитиме со маски, дистанца, седење дома и без потреба да не излегуваме и тоа е, вели жителка на М.Каменица.

-Одлуката за носење маска на отворено можеби и е оправдана. Треба само да ги почитуваме мерките на здравствените институциите. Ќе се заштитиме само ако држиме растојание, ако одржуваме хигиена и тоа е, вели жител на градот. 

Поради зголемениот број случаи на новозаразени случаи, општината веќе втор ден како работи во две смени. Ова според градоначалничката Соња Стаменкова е превентивна мерка, според насоките на Комисијата за заразни болести и Владата.

-Последните неколку денови рапидно се зголемува бројот на заболени во градот, поради што следејки ги наските на Владата, воведовме двосменско работење кое започнува од 7:30 до 11:30 едната смена и од 11:30 до 15:30 втора смена. Ова значи дека остатокот од работното време, вработените ќе работат онлајн и ќе бидат достапни за потребите на општината, рече Стаменкова.

Како човек кој доаѓа од медицинската струка, Стаменкова упати барање до граѓаните за доследно почитување на мерките за заштита од вирусот.  

-Апелирам до граѓаните на почитување на мерките, многу е лесно да се направи тоа, а тоа значи носење маски, држење растојание, дистанцирање од групирање и лична перпцепцијада имаат сите дека треба да се заштитат самите своето семејство и околината, додаде Стаменкова.

Според информациите на епидемиологот кој е надлежен за следење на состојбата со Ковид-19 во Делчево и М.Каменица, само во последните два дена на територијата на општина М.Каменица регистрирани се 6 нови случаи. Додаде дека резултати пристигнуваат во секој момент, така што бројката според епидемиологот е поголема од вообичаената. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*