Делчевските советници ја одобрија одлуката за основање заедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад

Делчевскиот совет ја одобри одлуката за основање заедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад. Со оваа одлука како што истакна Ивана Атанасовска од ЕЛС Делчево, советите на 11 општини основаат заедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпадот во Источниот и Североисточниот плански регион и општина Свети Николе.

-Заедничкото јавно претрпијатие е со назив Заедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад ЗЈПРУО „Еко Исток- Североисток“ сo седиште во општина Свети Николе. Износот на средства за основање на претпријатието изнесува 3 милиони денари, а средствата ги обезбедуваат општините-основачи во пропорционален износ со бројот на население според последниот попис спроведен во 2002 година и Закон за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија, според кој, Делчево со 17,505 жители учествува со 140.737 денари, рече Атанасовска.

Согласно со Одлуката, претпријатието има 6 претоварни станици, а за Делчево претоварната станица ќе биде во М. Каменица.  

– ЗЈПРУО „Еко Исток- Североисток“ ќе се организира на начин што ќе обезбеди поттикнување и развој на управувањето со отпадот на регионално ниво согласно со Стратегијата за управување со отпад на Република Македонија и Планот за управување со отпад на Република Македонија, воспоставување и организирање регионален систем за управување со отпад којшто особено се состои од регионална депонија за комунален отпад и/или други објекти и инсталации за постапување со отпадот, додаде Атанасовска.

Советот на Општина Делчево на 46-тата седница го усвои и планот на програмата за развој на Општина Делчево за 2021 година кој се однесува за изградба на градскиот пазар- отворен и затворен дел. Вкупната вредност на проектот е 35,3 милиони денари, а реализацијата на втората фаза планирана за 2021 година изнесува 17,6 милиони денари.

На 46-тата седница беше усвоена и одлуката за проширување на буџетот на Општина Делчево за 2020 година која се оденсува на проширување на буџетот на ЈЛБ „Илинден“ во висина од 505 илјади денари, средства кои се однесуваат на зголемување на платите на вработените, како и проширување на сметката за донации во износ од 169.200 денари кои се однесуваат за едномесечна исплата на лицата ангажирани преку проект за Светска банка.

Советниците дадоа согласност на Измените и дополнувањата на Правилникот за систематизација на работните места во ОЈУДГ „Весели цветови“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*