Финишираат проектите преку Форумите во заедницата во Берово

Паркинг просторот кај градинката „23 Август“ во Берово, кој како приоритет беше изгласан од страна на граѓаните во рамки на Форумите во заедницата, денес доби нов лик. Поради немање техничка документација во изминатата година, проектот кој предвидуваше реконструкција и асфалтирање, како што информираше беровскиот градоначлник Звонко Пекевски се реализираше во оваа буџетска година.

-Преку Форумот во заедниците во буџетската 2019 година реконструкцијата на паркингот кај градинката во Берово беше утврден како приоритетен проект. Поради неможноста и блокадата на Општината во тој период, проектот се реализира во буџетската 2020 година. Како што може да видите паркингот се реконструрира и асфалтира.

Средствата за довршување на проектот како што додаде се обезбедени од општинскиот буџет.

-Вкупната инвестиција чини 2,1 милиони денари, верувам дека средствата ќе бидат исплатени на изведувачот до крајот на оваа годин и на тој начин че ги подобриме услугите и обврските кои произлегуваа од Форумите во заедницата, додаде Пекевски.

Од општината додадоа дека покрај подобрување на пристапот до градинката изградбата на паркингот е од огромно значење и за жителите на околните станбени објекти кои ќе имаат подобар пристап до местото на живеење

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*