Мини интервју со Аксел Ахмедовски, претседател на Партијата за демократски просперитет на Ромите

Наш денешен соговорник беше претседателот на Партијата за демократски просперитет на Ромите, Аксел Ахмедовски со кој направивме интервју со неколку кратки прашања поврзани со нивното учество на неодамнешните Предвремени парламентарни избори.

Г-дине Ахмедовски вие сте дел од коалициските партии на СДСМ со која заедно настапивте на Предвремените парламентарни избори по кои избори СДСМ формираше мнозинство. Дали сте задоволни од постигнатиот резултат како партија и дали како партија сте дел од Владата имајки предвиде дека бевте дел од победничката коалиција?

Ахмедовски: Да, 2019 година во текот на 2019 година е одржано основачко собрание на партијата, после што истата беше регистрирана во текот на одржувањето претседателските избори и тогаш и сега на предвремените парламентарни избори дадовме поддршка на социјалдемократските политики. Инаку да имајки предвид дека сме млада политичка партија од излезеноста на ромскиот електорат која и тоа како придонесе во формирањето на владејачкото мнозинство секако дека сме задоволни од покажаниот резултат, но за жал и по три месеци се уште не сме дел од Владата, не сме во нејзините ударни ешалони од каде би можеле да испорачаме резултати кон граѓаните и сметаме дека сега од било која позиција која ја имаме објективно не би можеле да ги исполниме очекувањата на нашите поддржувачи од проста причина што не постои извршен орган кој би ги планирал и спроведувал јавните политики за Роми како во претходниот период, иако за тоа пред самото коалицирање имавме конкретен договор со еден од потпретседателите на СДСМ кој не е испочитуван и од тука секојдневните реакции од граѓаните кон мене и партијата со кои го изразуваат своето незадоволство заради неинтегрираноста во владините структури, но и покрај тоа сме отворени и ги следиме актуелните збиднувања.

Наведовте дека немате извршен орган кој би креирал и спроведувал јавни политики за Ромите во таква ситуација кој би бил модел за тоа?

Ахмедовски: Од суштинско значење е постоење механизам во смисла на извршна алатка за креирање и спроведување на јавни полтики, а воа насока на социјална инклузија и унапредување на општествената интеграција на Ромите во државата. За да не биде желбата на Република Македонија само декаларативна по однос на подобрувањето на квалитетот на живеење на сите процеси, тогаш мора да развие форма на извршен модел задолжен за имплементација и споредување на иницијативи кои се однесуваат на развивање на општества во кои сите граѓани без оглед на етничката припадност ќе бидат еднакво третирани, ќе се чувствуваат бездомно со еднакви можности за личен развој и напредок односно општество што ќе интегрира а нема да сегрегира а со давањето на еднакви права и можности ќе го запази принципот на вклученост, а не исклученост од општествените текови. Засега таквиот модел се уште не е формиран иако е во најава. И од тука не можеме да зборуваме дека сме еднакво третирани и интегрирани. Во комуникација сме со СДСМ како носител на коалицијата Можеме и во таа насока очекуваме дека ќе проработи политичката волја за унапредувањето на општествената интеграција на Ромите во државата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*