Надлежните подготвени за справување со новиот снежен бран

Првите снежни врнежи кои деновиве паднаа во Пијанец, ја тестираа подготвеноста на надлежните за справувањето со евентуалните снежни наноси. Иако првиот снег беше со помал обем, сепак претстојната зима и најавените нови снежни врнежи спремно ќе бидат дочекани од Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ од Делчево. Како што информираа од претпријатието, согласно програмата за јавна чистота за 2020 година „ЈПКД „Брегалница“ има обврска за зимско одржување на јавните површини во кои влегуваат тротоари, паркинзи, плоштади и други јавни површини.

-Покрај овие површини согласно договорот за јавна набавка со Царинската управа, како претпријатие имаме обврска за одржување на граничниот премин Делчево, како и сите придружни објекти кои влегуваат во склоп на преминот, тоа се паркинзите, самиот премин и другите објекти. Располагаме со доволна механизација и луѓе, имаме две дувалки за снег, фрези, како и два нови ровокопачи-утоварачи од кои едниот со плуг за снег и друга механизација со која сметаме дека успешно ќе одговориме на предизвикот, истакнаа од претпријатието.

За зимското одржување на површините, како што додадоа од претпријатието се уште е на сила договорот со Општина Делчево кој вклучува набавка на потребните материјали за чистење снег.

-Во рамки на тој договор вршиме набавка на ризла, кои количини сукцесивно се набавуваат во согласност со потребите на јавното претпријатие, а располагаме со доволни количини сол за почетокот на зимското одржување на јавните површини, доддоа од претпријатието.

Покрај јавните површини од снег ќе се чистат и улиците и патиштата низ градот како и селските патишта, за кои е задолжена Општина Делчево. Оттаму информираа дека се уште е на сила договорот со фирмата Еуро Бетон, а во тек е тендерската постапка за потпишување на новиот договор со фирмата која ќе ги одржува патитштата во тековната зима. За реализација на набавката за оваа намена за зимско одржување се издвоени 1,2 денари.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*