Oнлајн наставата во беровските училишта се одвива без проблеми

Пред крајот на првото полугодие со мали исклучоци во беровската деветолетка „Дедо Иљо Малешевски“ без проблеми се одива онлајн наставата во централното и подрачните училишта. Директорката на деветолетката „Дедо Иљо Малешевски“, Наташа Аврамска информираше дека за дел од учениците, кои не се во можност да следат онлајн настава, се обезбедени печатени материјали, кои им овозможуваат да бидат во тек со воспитно образовниот процес.

-Освен овие ученици кои следат настава со печатени материјали, најголемиот дел од учениците со физичко присуство редовно се вклучуваат на часовите и немаме никакви проблеми досега. Во оваа учебна година во централното училиште во Берово, настава со физичко присуство реализираат учениците од прво до трето одделение, во Будинарци, Митрашинци се реализира настава до 9 одделение, додека во останатите подрачни училишта се реализира настава со физичко присуство, истакна Аврамска.

Исклучок, како што додава Аврамска е подрачното училиште во Двориште, каде заради големиот број ученици од 6 до 9 одделение настава се реализира онлајн.

-Во насока на успешно реализирање на првото полугодие се опремија повеќе училници онлајн и секако имаше подготовки и за учениците кои реалзираат настава со физичко присуство. Учениците со физичко присуство редовно се вклучуваат на часовите и немаме никакви проблеми во однос на интернет врската. Во училиштето во тек се родителските средби на кои што беше соопштен успехот на учениците за првото тримесечие, со што полека се подготвуваме за успешен крај на првото полугодие, додаде Аврамска.

Деновиве во училиштето беа доделени визири за учениците, со што како што додадоа од училиштето продолжуваат напорите на училиштето за спречување на ѓирењето на зарзазата од Ковид-19.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*