Михаиловска: Вирусот нема да не спречи да им помагаме на најзагрозените

Од огромно значење е придонесот на сите волонтери кои им помагаат на најзагрозената категорија граѓани во време на пандемија. Изразувајки огромна благодарност до сите кои се вклучени во борбата со Ковид-19 вирусот, во својата објава на фејсбук пратеничката Соња Михаиловска која од неодамна активно се вклучи во тимот на волонтери во својата матична установа порача дека вирусот никогаш нема да ја спречи да им помага и да им служи на граѓаните.

-Изразувам голема благодарност за непроценливиот придонес на сите волонтери кои несебично им помагаат на медицинскиот персонал, пензионерите, лицата со хронични болести, лицата во социјален ризик, лицата со попреченост и на сите други на кои им требаше помош за време на пандемијата со COVID-19. COVID-19 може да го ограничи нашиот физички контакт, но никогаш нема да не спречи да им помагаме и служиме на граѓаните, истакна Михаиловска на фејсбук.

Да се здружиме заедно да волонтираме – заедно да им помагаме на луѓето на кои им треба помош, додаде на крај пратеничката Михаиловска.

#IVD2020#Volunteers#TogetherWeCan

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*