ФК „Брегалница“ го надигра ФК „Раклиш“ во Делчево

Фудбалерите на делчевска Брегалница продолжуваат со серијата добри игри во Третата фудбалска лига – Исток каде и по 13. коло остануваат лидери на табелата со освоен 21 бод. Денес на градскиот стадион „Гоце Делчев“ настрада екипата на ФК „Раклиш“ чиј голман 7 пати ја вадеше топката од мрежата со еден поништен погодок за убедливи 6:0 во корист на делчевските сино-бели.

Александар Илиев со три погодоци, Петровски, Станоевски и Марковски со по еден гол беа креатори на победата која на домашната екиап и ја донесе компактната игра на сите играчи во целина кои делуваа моќно, посветено и разиграно што се преслика во убедлива победа за радост на љубителите на фудбалот во Делчево.

Резултати од 13-тото коло:

„Брегалница сениори“ – „Раклиш“  6:0

„Малеш“ – „Василево“ 3:0 службено, натпреварот беше прекинат во 55. минута при резултат 8:1

„Детонит јуниори“ – „Работник“  6:1

„Овче Поле“ – „Чешиново“  1:0

„Хоризонт Турново“ – „Тиверија“  2:1

„Карбинци“ – „Спартмани“  1:0

Табела:

  1. ФК „Брегалница Делчево“ 22
  2. ОФК „Малеш“ 21
  3. ФК „Детонит јуниор“ 20
  4. ФК „Овче Поле“ 18
  5. ФК „Хоризонт Турново“ 16
  6. ФК „Спартмани“ 16
  7. ФК „Чешиново“ 14
  8. ФК „Карбинци“ 9
  9. ФК „Раклиш“ 8
  10. ФК „Тиверија“ 7
  11. ФК „Работник“ 4
  12. ФК „Василево“ 0 бодови.

Линк од натпреварот во продолжение:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*