Волонтери ќе им помагаат на лицата во изолација во Делчево

Објавен јавниот повик за организирање волонтерска работа и ангажирање на 10 волонтери со цел мапирање на семејствата и на лицата кои се во изолација и на кои им е потребна услуга од достава на намирници, лекови, средства за дезинфекција и сл. Како што информираа од Општина Делчево барањето за волонтерство во Општина Делчево, заинтересираните кандидати можат да го поднесат заклучно со 18 декември 2020 година до 15.30 часот.

-Волонтерите доброволно го посветуваат своето време заради заедничко добро и без финансиска добивка. Силната волонтерска култура дава подобри резултати за луѓето, заедниците и природната средина, го помага давањето услуги и го подобрува менталното здравје и добросостојбата на самите волонтери. Во услови кога живееме со мерки за спречување на појавата и ширењето на коронавирусот и голем број семејства се во изолација, волонтерството е соочено со предизвик и има посилен мотив за реализација на волонтерски активности.

Волонтерската работа како што додадоа од Општината може да се врши лично, по телефон или преку интернет, а кандидатите кои ќе поднесат барање за волонтерство во Општина Делчево траба да имаат завршено најмалку средно образование .

Повеќе информации за Јавниот повик за волонтерство нa следниот ЛИНК. Лице за контакт е Џулиета Мемедова, тел 078/338-180 и на емаил: julietamemedova@hotmail.com.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*