Голот на Марсијал во 96-та минута на делчевец му донесе чисти 54 илјади денари добивка!

Во Делчево еден прогнозер во Sport Life уплатил 800 денари само на три парови, но типувал дека гостинските тимови ќе дадат најмалку два гола во вторите полувремиња и, за негова среќа, погоди, па добивката му е над 1.000 евра.

Добивката од 64.020 денари ја заслужи со погодувањето дека Сасуоло ќе даде два гола на гостувањето кај Сампдорија (головите паднаа во 56-та и 58-ма), дека Лил ќе даде два во второто полувреме кај Монпелје (вториот на Бурак Јилмаз падна во 86-та минута), а вистинска драма беше за мечот Евертон – Манчестер јунајтед.

Делчевецот долго чекаше Црвените ѓаволи да дадат голови, но до 87-мата минута Евертон ја сочува својата мрежа. Надежта дека Манчестер ќе даде два гола се разбуди кога Кавани во 88-мата минута погоди за 1-0, а Марсијал со погодокот во 96-тата минута за 2-0 помогна тикетот во Делчево да биде добитен.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*