Стојковски: Граѓаните знаат како се копаше песок, кога ДПМНЕ ја практикуваше власта

Како директор на ЈКП „Брегалница“ немам издадено на никого од вработените налог за ископ на песок како што се наведува во лагите на пресот на ДПМНЕ-ниту пак ЈKП за потребите во своето работење врши ископ на песок од река Брегалница. Ова денес на прес конференција го истакна директорот на претпријатието Стојче Стојковски кој додаде дека ЈKП „Брегалница“ како правен субјект постапува согласно Законот за јавни набавки и своите потреби од било какви стоки, работи и услуги ги обезбедува, применувајќи го овој закон.

-Во конкретниот случај кога се работи за набавка на песок, ЈП за своето тековно работење има потреби од сепариран песок за што е спроведена ЈН и избран најповолен понудувач-тоа е фирмата СД Транс од Делчево со која имаме склучено договор и од кого ЈП се снабдува со сепариран песок што може да се види и од финансовите документи -кои се јавно достапни каде се гледа дека во 2020 г. до сега се фактурирани 62 м3 сепариран песок. А како се снабдувало ЈKП со песок во периодот кога ДПМНЕ ја практикуваше власта во Општина Делчево а со тоа и во ЈП, граѓаните знаат, а знам и јас со оглед на тоа бидејќи имам увид , дали во тој период воопшто и постоела ЈН за песок. – Што се однесува пак до наводите дека ЈKП го уништило релјефот и биодиверзитетот, нема да коментирам , сако ќе кажам дека , кога се зборува за уништување ДПМНЕ нема апсолутно право да зборува, тие го уништија секој можен диверзитет: човечки, религиски, етнички, партиски а сега во последно време и дипломатскиот со нивните лажни изјави, и граѓаните го знаат тоа и можат сами да судат и да ја оценуваат нашата работа, истакна Стојковски.

Граѓаните се тука да ценат што сработило ЈКП „Брегалница“ во време кога јас сум директор, а што сработило во време на режимот, додаде на крај од прес-конференцијата како одговор на претходниот прес на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Делчево.

Видео од прес-конференцијата на Стојковски на линкот во продолжение: https://youtu.be/TbLrsT1iJsI

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*