Планинарскиот-спортски клуб ,,Голак” со прва активност во 2021 година

Со искачување до врвот Мала Чавка, планинарскиот-спортски клуб ,,Голак” од Делчево ја реализираше првата активност во 2021 година. Како што информираше претседателот на клубот маршот бил во должина од 7,3 километри.

-Маршот кој го реализиравме на нашата прекрасна планина Голак, се реализираше во пријатен планинарски амбиент со малку снег, повеќе сонце и најмногу позитивна енергија. Поминавме една планинарска патека во должина од 7,3 километри околу врвот Чавка на 1538 м.н.в, но го искачивме врвот Мала Чавка на 1508 м.н.в, рече Чучуковски.

Додаде дека во рамки на маршрутата на екипата од Делчево им се придружиле и други планинари кои биле во посета на Голак.

-На планинарскиот марш учествуваа и членови на планинарското друштво Шари од Гостивар. Ова е прва заеднилка дружба помеѓу планинарите и Делчево и Гостивар, кои беа пријатно изненадени од планината Голак, додаде Чучуковски.

Следната заедничка маршрута која планинарите од двата града ја договорија е посета на туристичкиот локалитет ,,Кукуље”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*