Доделени 15 хуманитарни пакети со прехранбени артикли на семејства кои живеат во социјален ризик во руралните делови на Општина Делчево. Активноста се реализира по повод Божиќните празници, а истата Општина Делчево ја спроведе во партнерство на компанијата „Зегин“ по претходна консултација со Центарот за социјални работи кои ги детектираа семејствата на кои им е најнепоходна помош во селата Разловци, Ѕвегор и Град.
Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски ги посети семејствата и притоа, истакна дека секое семејство заслужува со богата трпеза да го пречека христовото раѓање.
– Одговорни сме пред сите граѓани и се грижиме за секое семејство. Посебно во пресрет на големиот христијански празник, кога се слави раѓањето на Исус Христос, одлучивме да доделиме пакети со храна на семејства кои живеат во социјален ризик со цел секое семејство со достоинствена бадникова вечера да го пречека Божиќ и да го прослави овој христијански празник. Оваа хумана акција е дел од континуираните активности кои ги спроведуваме изминатиот период со цел да помогнеме на оние на кои им е најнеопходна помош и да покажеме дека никој не е заборавен, истакна Трајковски.


Leave a Reply