Берово и Штип, заеднички ќе ги подобруваат условите за живот на ромската заедница

Преку средства од Европската Унија, општините Берово и Штип, во соработка со Зелен Институт од Скопје, заеднички ќе го унапредуваат животот на граѓаните од ромската заедница. Од општина Берово информираа дека главна цел на имплементација на проектот ,,Општините Штип и Берово заедно за подобрување на условите за живеење кај ромската заедница”, е унапредување на домувањето, образованието и економските можности за Ромите и луѓето кои живеат во длабока сиромаштија, преку подобрување на условите за домување и пристапот до социјални услуги, базирани на заедницата во РСМ, во согласност со Акциската програма за Инклузија – ИПА 2 од 2019 година.

-Проектот ќе биде имплементиран во период од 36 месеци (3 години), почнувајќи од 02 јануари годинава. Вкупниот грант е во вредност од 895.400 евра, во кој 799.950 евра се средства од ЕУ, а општините Штип и Берово ќе учествуваат со сопствени средства во износ од 95.450 евра. Главни активности на проектот се донесување на ДУП и ГУП во износ од 15 хектари во ромската населба, легализација на бесправно изградени куќи во сопственост на ромски семејства (25 кои имаат поднесено барање и 15 кои немаат поднесено барање за легализација), рехабилитација и реконструкција на 15 куќи на ромски смејества кои живеат во несоодветни и штетни услови, подобрување на инфраструктурата во ромската населба, реконструкција на 250 метри фекална канализација, поплочување на мали улици во износ од 70 до 100 м, приклучување на вода на 7 семејства кои не се приклучени, приклучување на струја на 5 семејства кои немаат пристап до електрична енергија, обезбедување на 7 контејнери и 120 индивидуални канти за отпад кои ќе бидат поделени во ромската населба. информираа од Општина Берово.

Притоа, како што додаваат, само за подобрување на условите за домување на ромската заедница во општина Берово, ќе биде инвестиран износ од 173.000 евра, што според нив ќе овозможи подобрување на целокупниот стандард за живот на ромската заедница.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*