ПСК „Голак“ реализираше планинарски марш до Светите води

Шестчлена екипа на Планинарски-спортски клуб „Голак“ Делчево придржувајки се кон мерките за заштита од Ковид-19 реализираше планинарски марш до месноста Свети Води. Движењето за време на маршот како што информираше претседателот на клубот Љупчо Чучуковски се реализирало со почитување на потребното растојание, а маршто бил долг 9 километри.

-Имавме движење на мали групи во планина, нормално со растојание каде што е потребно маски ставање итн, при што направивме една планинарска маршрута за посета на Светите води кои се наоѓаат меѓу селата Тработивиште и Разловци на планината Средна. Маршрутата беше долга 9 километри, временските услови не послужија и сите планинари успешно ја реализиравме оваа планинарска маршрута. Оваа маршрута е за нас доста значајна, бидејки влегува во календарот на активности на ПСК „Голак“ Делчево однсоно секоја година ја реализираме, рече Чучуковски.

Додаде дека оваа месност е помалку позната на пошироката јавност поради што целта на планинарите биле нејзино промовирање.

-Бидејки ова е едно интересно место кое малку е познато на нашата јавност, а се верува дека овие Свети води кои се четири на број се посветени на Св.Недела, Св.Петка и Св.Богородица и има уште една света вода над нив посветена на Св.Димитриј се верува дека има исцелителна моќ дека лекува од разни растројства, депресии, од болки во очите итн, но исто така е значајна, бидејки стручни лица кажуваат дека овде се наоѓа и испосничката ќелија на Светите браќа Кирил и Методиј кои своевремено овде ја напишале глаголицата, додава Чучуковски.

Од ПСК „Голак“ Делчево придржувајки се на мерките за заштита од Ковид-19 и во наредниот период најавија организирање на маршеви на територијата на Општина Делчево, се со цел промоција и презентација на убавините на петте планини во Општина Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*