Продолжува чистењето на дивите депонии во делчевско

Екипи на ЈКП „Брегалница“ продолжуваат со чистење на дивите депонии во Делчево. Деновиве се работеше на дивата депонија над населбата Милково Брдо создадена покрај патот за главната депонија Острец. Депонијата создадена од градежен шут и најразличен друг отпад кои несовесните граѓани постојано го фрлаат на овој терен, се чистеше со механизација. Директорот на ЈКП „Брегалница“, Стојче Стојковски информираше дека од почетокот на годината се исчистени повеќе депонии во општината и упати апел до граѓаните за поголема свест за животната средина, да не се создаваат диви депонии кои ја нагрдуваат средината и се потенцијална опасност по здравјето на жителите.

-Акцијата е во согласност со Годишната програмата на ЈПКД ,,Брегалница” за чистење диви депонии, а од почетокот на годинава, екипи на ЈКП ги исчистија дивите депонии создадени кај река Желевица во с. Тработивиште, Црквенска Река, депонијата над Ѕвероска Река, депонијата кај одводниот канал во с. Габрово, одводен канал во с. Вирче, како и депонијата на градежен шут Ралова Чука. Во текот на вчерашниот ден беше завршено и чистењето на дивата депонија во населбата Милково Брдо, истакна Стојковски.

Од ЈКП „Брегалница“ најавуваат продолжување на акцијата за чистење на дивите депонии, речни корита и канали и во другите населени места во Општината.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*