Физичка пресметка пред локален маркет помеѓу жители на Делчево и Русиново

 Двајца делчевци и тројца жители на беровското село Русиново се степале пред локален маркет во Русиново, откако претходно вербално си дофрлале. Случајот од страна на очевидци веднаш бил пријавен до беровската полиција, што е потврдено и од СВР Штип.

-На 06.02.2021 околу 07.30 часот во СВР Штип било пријавено дека пред маркет во с.Русиново, беровско по претходна расправија дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.А.(63) и И.А.(35) двајцата од Делчево, од една страна и Ј.К.(20), Д.К.(23) и А.Б.(32) сите од с.Русиново, од друга страна, се вели во полициското соопштение.

Од страна на полицијата се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе детали за случајот на следниот линк:

https://mvr.gov.mk/izvadok-od-dnevni-nastani/2137

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*