Домашни миленици се почесто страдаат од расфрлан отров

Домашни миленици се почесто страдаат од расфрлан отров во делчевско. Како што потврди ветеринарниот лекар, д-р Николчо Стојменовски кој со оваа појава често се среќава во неговата работа, појавата особено е забалежлива во последните неколку недели.

Во најголем дел од случаите, како што додава, се работи за труење на домашни миленици, иако е забележливо и труење на кучиња скитници.

-Во последниот случај, во два обиди досега, успеавме да го спасиме домашниот миленик. За жал третиот обид беше кобен, не можевме ништо да направиме. Ваквите случаи и интервенциите кои ги правиме се чести и во најголем дел од случаите, животните завршуваат трагично, дециден е д-р Стојменовски.

Во своите коментари на социјалните мрежи, семејството кое на подмолен начи го изгуби својот домашен миленик Шила, вели дека кучето иако бил кастрирано и чипирано, досега нема нападнато никого.

-Кучето не беше скитник, ја чувавме врзана Шила и еднаш дневно ја шетавме. Досега ни се отруени 5 кучиња. Живееме на  село и сме од турска националност, не знаеме дали тоа е причината што ни се прави ова, но навистина е жално ова што се случува. Додека загари шетаат слободно низ селото, нашата Шила повеќе ја нема, истакнаа во коментарите на социјалните мрежи од ова семејство.

Ветеринарите се децидни дека ваквите постапки никому не му одат од полза и апелираа на воздржаност од неодговорни постапки, кои се подлежат на кривична постапка.

Во продолжение еве некои правила во врска со споменатата тема:

Сопствениците на кучиња се должни да ги пријават своите кучиња еднаш годишно во ветеринарните амбуланти, клиники и болници кои се овластени за спроведување на ветеринарно здравствена заштита од јавен интерес во нивното место на постојан престој, со цел да ги регистрираат и идентификуваат, како и да ги исполнат одредбите во однос на здравствената заштита согласно со прописите од областа на ветеринарното здравство. Трошоците за овие постапки се на товар на сопствениците на кучињата.

Сопствениците на кучиња треба на влезната врата во дворот на видливо место да постават табла со која недвосмислено се укажува на присуство на куче, без разлика дали кучето или кучињата чиј е сопственик се опасни или не. Кучињата кога се на јавно место треба да бидат врзани на поводник освен кога се на јавни места каде е дозволено кучињата слободно да се движат во придружба на нивните сопствeници.

По исклучок ловечки кучиња за време на лов и овчарски кучиња кои придружуваат стадо не треба да бидат врзани на поводник.

Опасни кучиња

Опасни кучиња се кучиња:

– кои без причина нападнале човек и му нанеле телесни повреди или смрт;
– кои се затекнати во организирана борба на животни;
– од одредени раси и нивни мелези кои заради нивните расни карактеристики може да представуваат опасност за луѓето и животните и
– кои на тестот на социјализација се прогласени за опасни кучиња.

mkd-205114

Кучињата кои може да представуваат опасност за луѓето и за животните се прогласуваат за опасни кучиња и се внесуваат во Регистарот на опасни кучиња кој го води Aгенцијата.  Сопственикот или одговорното лице за опасно куче треба да обезбеди услови за држење на животното соодветно за расата, потребите и карактеристичното однесување, при што вклучително треба:

1) кучето да го чува во заграден простор или врзано и
2) при движење кучето да го врзе на поводник и да му стави заштитна маска.

Опасните кучиња при движење треба да бидат придружувани од полнолетно лице.

Сопствениците или одговорното лице за опасно куче кои ги прекршиле овие павила  треба да поминат соодветна обука во однос на чување и одгледување опасни кучиња организирана и спроведена од страна на Агенцијата. Трошоците за спроведување на обуката се на товар на сопствениците или одговорното лице.

Листа на глоби

Глоба во износ од 10 до 15 евра (за правни лица 100 евра) во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на на физичко лице, ако:

  • не гo пријави своето куче еднаш годишно во ветеринарните амбуланти, клиники и болници кои се овластени за спроведување на ветеринарно здравствена заштита од јавен интерес во нивното место на постојан престој:
  • не истакне табла со која недвосмислено се укажува на присуство на куче;
  • кога се на јавно место кучињата не ги држи врзани
  • не го пријави леглото од своите животни во овластена ветеринарна амбуланта, клиника или болница, не ги идентификуваат
    младенчињата пред да ги вдомат и не ги пријават лицата кај кои ги вдомиле;
  • одгледувачниците на домашни миленици не водат евиденција за домашните миленици и истата не ја чуваат три години и не е достапна
    на увид на барање на Агенцијата;

Глоба во износ од 50 до 75 евра ( за правни лица 500 евра ) во денарска противвредност ќе се изрече на физичко лице за прекршок ако:

  • не дејствува на хуман и грижлив начин кон животните;
  • напушти домашен миленик;
  • поттикнува агресивност на животните против други животни;
  • осакатува животни и врши хируршки или слични интервенции со кои се врши осакатување на животните заради естетски или други
    причини
  • не обезбеди услови за држење на опасно куче;
  • опасните кучиња при движење не се придружувани од полнолетно лице;
  • се обложува на борба со животни за било каква намена;

Глоба во износ од 150 до 225 евра ( за правни лица 1.500 евра ) во денарска противвредност ќе се изрече на физичко лице за прекршок ако:

  • изведува хируршки интервенции без соодветна употреба на целосна или локална анестезија и предизвикува непотребна болка или
    страдање на животното;
  • врши девокализација,  отсекување на канџи и обеззабување;
  • интервенциите не се извршени од страна на доктор по ветеринарна медицина

Глоба во износ од 600 до 900 евра ( за правно лице 6.000 евра)  во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице за прекршок ако:

  • предизвикува болки, патење или повреди, сурово и нехумано се однесува кон животните и ги убива
  • е вклучено, поттикнува, организира, рекламира, оддржува и организира обложување на борби со животни за какви било намени

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*