Исчистен патот до граничен премин Делчево

Исчистен патот до граничниот премин Делчево. Од утрово екипи на „Македонија Пат“ интензивно работат на расчистување на патот на потегот од Делчево до граничниот премин со Република Бугарија. Одоговорните на делчевската подружница информираа дека  за подобрување на состојбата на патиштата во делчевскиот регион се фрлени 100 тони сол.

-Од останатите патни правци во Пијанечко-малешевскиот регион, се чисти и на потегот до брана Калиманци, како и регионалниот пат Делчево – Пехчево – Берово. Поради тоа што снегот продолжува да паѓа, акциите ќе продолжат во текот на денот, додаваат од подружницата на „Македонија Пат“.

Оттаму додадоа дека паралелно се работеше и на расчистување на снегот долж булеварот во Делчево. Воедно од општина Делчево додадоа дека механизација на комуналното претпријатие од утрово работи на расчистување на снегот во повисоките делови на градот.

Поради снежните врнежи и наноси надлежните апелираат на внимателно возење и задолжително поседување на зимска опрема во возилата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*