НВО „КХАМ“ со соопштение во врска со случајот Мемедови

НВО „КХАМ“ Делчево е запознаена со овој случај и во изминативе години активно работеше во подобрување на состојбата на ова семејство, во рамки на можностите и делокругот на работење на невладината организација.

Во 2018 година по наша иницијатива и во соработка со тогашниот Министер без ресор, беше решено и станбеното прашање на семејството, со што им се обезбеди и додели соодветно живеалиште во социјален станбен објект, но подоцна истиот беше одбиен од нивна страна од непознати причини.

НВО КХАМ Делчево, континуирано обезбедуваше прехранбени и бебешки пакети преку проекти, организациски средства и приватни донатори. Навистина сме погодени од настанот и како организација, но и како сограѓани. Она што е во домен на НВО КХАМ Делчево се применува и ние како организација веднаш реагиравме и се консултиравме со надлежните на кој начин да им се обезбеди материјална поддршка.

Ние го даваме во целост нашиот придонес и предлагаме да се направи увид и согласно потребите да се овозможи соодветна поддршка. НВО КХАМ, како членка на Советот за социјална заштита, ќе иницира стручна и материјална поддршка за семејството Мемедови, вклучувајки ги сите релевантни институции.

Изјава: НВО КХАМ Делчево

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*