Се бара начин за изнаоѓање соодветен простор за потребите на пензионерите од селските населби во Берово

Пензионерите од селските населби во беровско бараат соодветен простор за одржување на пензионерски средби и состаноци. Ова е главната констатација од одржаната седница на Здружението на пензионери од Берово, кои од првите луѓе на општината кои присуствуваа на седницата, побараа разгледување и решавање на овој проблем во рамки на можностите на општината.

-Се надеваме дека во соработка со општинските власти, Здружението на пензионери ќе изнајде решение за овој проблем, со што ќе ја продолжиме досегашната успешна соработка, истакна Васко Механџиски, претседател на здружението на пензионери од Берово.

Додаде дека поради пандемијата, беровските пензионери во изминатата година не успеале да ги реализираат зацртаните активности и изрази надеж дека тоа ќе се случи годинава. 

Реализирање на предвидените активности на беровските пензонери им посака и градоначалникот Звонко Пекевски кој им посака пред се добро здравје и успешно справување со сите предизвици и што поскоро враќање во нормала, многу заеднички дружби и организирање на активности за пензионерите. Во рамки на седницата изврши кратка презентација на планираните проекти во Берово и по населените места кои се предвидени согласно општинскиот буџет за 2021 година.

На седницата на Здружението на пензионери присуствуваше и претседателот на советот Јован Матеничарски кој изрази желби, што поскоро да се врати заедничкиот културен живот помеѓу пензионерите. 

Во рамки на седницацата се разгледаше и прегледот на приходи и расходи за периодот од 2020 година, кој оваа година како што соопштија од Здружението на пензионери, бележи позитивни резултати. Здружение на пензионери, седницата ја организираше со запазување на сите мерки за заштита од Ковид-19. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*