Соопштение за изменет режим за собирање отпад од домаќинствата во Делчево

Поради воведување во работа на ново возило, ЈКП ,,Брегалница” го измени распоредот за собирање отпад.

Според новиот распоред кој се уште се изготвува, отпадот од домаќинствата во понеделник ќе се собира во населба Милово Брдо, населба Басарица и Полето.

Во вторник отпадот ќе се собира од домаќинствата во Ново Делчево и Центар.

Од претпријатието додадоа дека распоредот за останатите населби се изготвува и истиот ќе биде соопштен на официјалната фејсбук страница на ЈКП „Брегалница“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*