На среќата на делчевци и нема крај: Пријателите им подариле грепки вредни нов „еко-скутер“

На среќата на делчевци им нема крај. Откако минатата недела во продажното место на Тобако ПЕКЕ, инаку подружница на „Смартекс“, беа изгребани 100.000 денари, денес својата добивка ја подигна и Кирчо Велинов на кого пријателите му подариле грепки вредни нов „еко-скутер“

Последниот лоз од подарените лозови што го изгребал Велинов криел 3 исти симболи кои ја означуваат главната добивка.

Електричниот тротинет ќе го вози неговиот син на кој најмногу се радува и со нетрпение чека да пристигне пролетта за да се вози низ делчевските улици.

Добивката е потврдена и подигната од регионалната благајна на Државна лотарија во Кочани. 

Инаку денес на ова продажно место имаше повеќе останати добивки, од кои највредната е во вредност од 4000 денари

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*