Малолетник кој возел скутер лесно повреден во директен судир со возило Лада ,,нива” во центарот на Делчево. Сообраќајната несреќа се случи на улица Методи Митевски – Брицо во центарот на Делчево околу 13:00 часот, а во моментот сообраќајот го регулира сообраќајна полиција.
-Во моментот трае увид на местото на несреќата. Поради пазарниот ден и големата гужва како резултат на зголемениот број на возила, апелираме до возачите да ги почитуваат насоките на сообраќјниот полицаец кој ги пренасочува возилата додека трае увидот, истакнаа од полицијата.
Од Итната медицинска помош која интевенирала по несреќата информираа дека малолетникот бил донесен во свесна состојба и во моментот се испитува за евентуални повреди на градниот кош.
Дополнителни информации за причините за несреќата од полцијата најавија во текот на денот.

Leave a Reply